17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Борисов: Кон Иванов секогаш сум се однесувал со почит

Претседателот Ѓорге Иванов совршено знае дека за Македонија најмногу сакаме влез во ЕУ и НАТО, просперитет и поврзување. Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов пред новинарите по неговото одбивање да се сретне со Иванов, кој се наоѓа во посета на Софија, пренесе новинската агенција „Фокус“.

„Кога беше насилството во македонското Собрание, јас бев првиот што им се јави на претседателот Иванов, на Зоран Заев и на Никола Груевски. Направив сè што можам да помогнам мирно да се реши проблемот“, посочи тој.

Тој додаде дека кон Иванов секогаш се однесувал со огромна почит, но не сака да навлегува и да се меша во работата на институциите на Македонија во спорот за името со Грција. Борисов додаде дека овој спор со децении ја блокира Македонија.

Претходно, на заедничката прес-конференција со бугарскиот претседател, Румен Радев, Иванов изјави дека Борисов зазел страна и не ја сфаќа главната цел на неговото претседавање со Унијата. Радев, пак, изјави дека Бугарија треба да разговара не само со Владата туку и со претседателот, Собранието и со опозицијата во Македонија.

Спонзорирано: