8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Силното невреме предизвика големи штети низ Македонија – еве каде е најкритично

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со локалните власти, денеска по вчерашното невреме во Овчеполскиот Регион, излегоа на терен во увид на штетите врз земјоделските посеви.

Според првичините процени во регионите на општините Лозово и Свети Николе, од невремето е предизвикана штета на површина од 5.000 хектари.

Претставниците од МЗШВ реализираа средби со градоначалниците на овие општини. Бидејќи освен штети врз земјоделските посеви, невремето предизвика и материјални штети, локалните власти денеска организираа итни состаноци на советите и денеска формираат комисии за процена на штетите, кои ќе извршат процена на предизвиканите штети од невремето проследено со силен дожд, град и ветер.

Засега е утврдено дека има штета на земјоделските површини, како лозови насади, површини со житни култури и зеленчук, но и материјална штета на објекти и приватни имоти. Селото Црниште од вчера е без струја и вода.