17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експерт за читање од усни открил таен разговор на Трамп и Ким

По само неколку секунди од средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Трамп му понудил пијалок на Ким, открил читач на усни за британски „Сан“.

Како што наведува британскиот весник, по анализата на фотографиите и снимката без тон, Трамп го искористил својот шарм кој му помогнал да создаде деловна империја.

Дарен Сатон, читач за усни и експерт за говор на телото, кој ги анализирал снимките од самитот, вели дека Трамп е тој кој се обидел да преземе иницијатива, додека Ким бил опуштен.

Двајцата претседатели се поздравиле на англиски јазик: „Мило ми е што се запознавме, господине претседателе“, а според тврдењата на Сатон, за време на чудното ракување кое траело 13 секунди, Трамп изговорил и: „благодарам, благодарам многу“.

По ракувањето, првиот човек на САД го погледнал својот соговорник во очи и му рекол: „Фантастично, ајде да се напиеме пијалок“. Овој потег на Трамп можеби, е и смислена тактика на Трамп, бидејќи како што тврдат медиумите, севернокорејскиот лидер е љубител на чашката.

Од усните на Трамп можело да се прочита дека му се заблагодарува на Ким, додека тој зборувал за можностите за нова средба. На тој предлог, Трамп му одговорил: „ кога ќе бидеш подготвен. Направи многу добра работа. Ти благодарам многу. Ти посакувам добар лет. Ти благодарам“ Трамп му рекол на Ким.

Спонзорирано: