17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Полицијата синоќа во голема акција низ Скопје: Фрчеа казни, а има и приведени

Вчеравечер, во периодот од 20 до 1 часот по полноќ полицијата издала 77 мандатни платни налози и 58 прекршочни налози за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообараќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи.

Министерството за внатрешни работи, продолжува со спроведување контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје. Така и вчеравечер поточно во периодот од 20 до 01 часот денес, во акциска контрола на булеварот Партизански Одреди и улицата Христијан Тодоровски Карпош со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки, преземени се 135 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. При тоа, велат од МВР, издадени се 77 мандатни платни налози и 58 прекршочни налози за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообараќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи.

Исто така од страна на полициски службеници привремно се задржани два мотоцикли, поради сомнение на вградување на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените-издувни системи по чл.53 од Законот за возила. Едно лице е приведено поради сомнение за сторено кривично дело.