17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин пристигна во Пекинг, сака да ги зајакне воените врски со Кина

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска пристигна во тридневна посета на Кина за време на која ќе се зборува за зајакнување на воените и економските врски меѓу двете земји.

Кинескиот претседател, Кси Џинпинг, му приреди на Путин свечен дочек со воени почести.

Се очекува двајцата лидери, кои не се поканети на самитот Г7 во Канада, во текот на денот да потпишат повеќе билатерални договори.

Русија и Кина сакаат да ја подобрат соработката во области како што се инфраструктурата и енергетиката, како и во научните истражувања и високата технологија, рече Путин во интервјуто со „Кина Медиа Груп“ пред посетата на Пекинг.

Русија се фокусираше на зајакнување на азиските врски во последниве години бидејќи нејзините односи со Западот се влошени поради вмешаноста на Москва во украинската криза.

Во средиштето на ваквите активности е Шангајската организација за соработка, евроазиски воен и економски сојуз. Путин ќе учествува на самитот на оваа организација во кинескиот град Кингдау овој викенд.