17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кандидат за возач удрил во мотоцикл

Осумнаесет годишен кандидат за возач од Кичево, во присуство на инструктор, со автомобил „Фиат“, сопственост на авто-школа од Кичево, удрил во мотоцикл „Сузуки“. Инцидентот се случил на магистралниот пат А2.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил 20-годишниот возач на мотоциклот, кој поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.