20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Некаде пеколни горештини, а некаде силно невреме: Еве каде вечерва ќе биде најкритично

Времето денеска беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне од југозапад облачноста постепено се зголеми. Дуваше умерен до засилен југоисточен ветер, особено долж Повардарието и во Пелагонија, каде достигнуваше брзина од 40 до 50 км / ч. Најтопло е во Скопје, Виница и Гевгелија – 32 степени, а најниски температури има во Лазарополе 24.

До крајот на денот ќе биде умерено облачно со умерен до засилен југоисточен ветер. Во вечерните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во северозападните подрачја. Во текот на ноќта во западните делови можно е процесите да бидат поинтензивни, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. И во Скопската котлина во текот на ноќта ќе има пороен дожд и грмежи.