3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Еве како да се изборите со досадните комарци!

За време на летните ноќи, освен што не можеме да спиеме од жештината, тука се и досадните комарци, кои уживаат да не „грицкаат“ и да ни зујат околу нашите уши.

Во продолжение ви донесуваме неколку совети како да се изборите со комарците, и тоа без хемикалии.

Вентилатор

Комарците мразат ветер. Што значи – ставете вентилатор во собата и веднаш ќе се разбегаат.

Лимон

Можат да послужат и свеќите со мирис на лимон, но најдобро е да исечете свеж лимон и да го оставите на рамката на прозор. Мирисот од лимон во комбинација со вентилатор ќе ви обезбеди мирна ноќ.

Витамин Б1

Земајте го овој витамин во текот на летото и ќе ве направи помалку „привлечни“ за комарците, за дури 50 отсто.

Лук

Слично се однесува како и витаминот Б1. Јадењето лук можеби ќе ви донесе лош здив, но, тој ќе ги избрка комарците.

Мрежа за комарци

Секако, неизоставна е и мрежата за комарци која можете да ја закачите на прозорите или вратите. Ќе ве одбрани од малите напасти.

Спонзорирано: