11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Ги јадете често, а не знаете што му прават на вашиот организам

Јагодите за многумина се омилено летно овошје, а еве зошто треба почесто да ги јадете!

Помагаат при слабеење

Ова овошје содржи антоцијанини, кои помагаат при согорување на масните наслаги, бидејќи организмот ги користи како гориво. Истражувањата покажале дека антоцијанинот исто така поволно влијае на краткотрајно памтење.

Ублажуваат болки

Докажано е дека јагодите имаат антивоспалителни дејства кои ублажуваат болки.

Имаат антиканцерогено и антиалергено дејство

Јагодите се богати со флавоноиди кои се борат со канцерогените клетки. Освен тоа, фенолните киселини од јагодите имаат антиалергени својства. Сепак, иако помагаат кај лица со алергии, постојат луѓе кои се алергични баш на јагоди.

Го успоруваат стареењето

Јагодите се исклучително богати со антиоксиданси. Толку се богати што се наоѓаат на четврто место по ред на листата намирници со најголема концентрација на антиоксиданси. Тие го штитат телото од многу болести и го успоруваат стареењето на кожата.

Спонзорирано: