11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Повеќе од 14 години собира метални парички од улица: Дошол до сума од која ќе ви се заврти во глава

Иан Ват каде и да забележи монета од пет пени на улица се наведнува и ја подигнува. За 14 години собрал речиси милион парички.

Пензионираниот технолог Ват (70) од Дарам, Велика Британија, почнал од забава да собира парички од пет пени, но забавата брзо прераснала во страст, пишува „Сан“. Со ова хоби започнал во 2004 година, но хобито прераснало во нешто повеќе.

„Не може да се случи да не ги видам и никогаш не фрлам ситни пари зад кауч. Неверојатно е колку собрав досега. Дури и други почнаа да собираат за мене“, рекол Ват.

Заедно со „пријателите помошници“ собрал точно 954.000 изгубени парички, во вкупна вредност од 47.000 фунти, а целиот износ го подарил на установа за палијативна нега во Дарам каде инаку волонтира.

Спонзорирано: