10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Коѕијас: Три предлози за името сè уште на маса – Нова, Северна и Горна Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, вели дека преговорите за името не се пропаднати и прашање на денови е кога ќе бидат надминати преостанатите проблеми.

„Секако, никогаш не вели никогаш. Сè додека не се потпише договорот, нешто што верувам дека ќе биде во наредните неколку дена, потребно е малку трпение“, изјави Коѕијас во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ. Тој откри дека од петте предлози на посредникот Метју Нимиц, три сè уште на маса: Нова Македонија, Северна Македонија и Горна Македонија.

Коѕијас исто така изјави дека македонската влада не го прифаќа името Вардарска Македонија бидејќи, вели тој, смета дека се однесува на ерата на фашизмот и окупацијата. За македонскиот јазик грчкиот шеф на дипломатијата рече дека бил официјализиран уште во 1977 година на конференцијата на ООН, што се одржала во Атина.

На прашањето зошто и натаму се одложува телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, Коѕијас изјави дека по рамката за договор што беше утврдена на неговите средби со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во Њујорк и Брисел, сега дојде време да се каже големото „да“ или големото „не“.

„Очигледно владата на соседната земја се соочи со некои тешкотии и размислува за некои ревизии на договорот, но верувам и се надевам дека за неколку дена сè ќе се надмине“, рече Коѕијас. Тој додаде оти сè додека нема потписи на договорот, никој не може да каже дека сè е готово.

Претходно, портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, кажа дека премиерот Алексис Ципрас го чека македонскиот колега Зоран Заев да му се јави. „Грчката страна чека на Заев да го направи решавачкиот чекор за да дојдеме до договор. Топката е на нивен терен“, рече Ѕанакопулос.

Спонзорирано: