8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Во Германија со кучиња и лисици се гонат јатата птици што се судираат со авионите

Судирите меѓу јатата птици и авионите годишно предизвикуваат штета од 1,7 милијарда евра во светот, па германските аеродроми почнаа да користат кучиња, лисици и птици грабливки со цел да се избегнат ваквите инциденти.
Само во германскиот воздушен простор на годишно ниво се случуваат околу 2.100 судири на птици и други диви животни со летала, објави германскиот Комитет за спречување вакви инциденти (DAVVL).
Иако повеќето несреќи се безопасни, некои од нив предизвикуваат дури и смртни случаи.
Најпознатиот инцидент во последните години во светски рамки беше спектакуларното принудно слетување авион во реката Хадсон во Њујорк кога во моторот на авионот влегла гуска. При овој инцидент од 2009 година со храбриот потег на пилотот беа спасени 155 лица.
Кристијан Хелберг од DAVVL нагласи дека понекогаш е потребен само истрел во воздухот за да се протераат околните јата птици.
Сепак, на многу германски аеродроми биле преземени биолошки мерки за протерување на птиците: кучиња ги гонат галебите и гуските, птиците грабливки ловат врани и чапји, па дури се ангажирани и лисици со цел птиците да не ни помислат да слетаат на пистите од аеродромите.
Предупредувачките истрели се последното решение, посочува Хелберг. Комбинацијата на овие тактики го намалил бројот на судири во Германија во однос на остатокот од светот. Во Германија просекот на вакви инциденти е 5,8 на 10 илјади лета, а во светот оваа бројка изнесува 10.