13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руди Џулијани: Трамп веројатно може самиот да се амнестира

Поранешниот њујоршки градоначалник Руди Џулијани предизвика бура на социјалните мрежи тврдејќи дека американскиот претседател Доналд Трамп веројатно може сам да се помилува себеси. Тој одговараше на прашање поврзано со истрагата на Роберт Милер наречена „Рашагејт“ во програмата „Вик“ на Еј-би-си во неделата.

Прашан дали Трамп има моќ да се помилува себеси, личниот адвокат на претседателот тврдеше дека Трамп веројатно има такво овластување додавајќи дека уставот никаде не кажува оти претседателот не може да го стори тоа. Џулијани подоцна призна дека таквата постапка веројатно би довела до импичмент.

Џулијани исто така тврди дека Трамп има овластување да ѝ стави крај на истрагата за него која се фокусира на обвинувањата за дослух меѓу претседателската кампања на Трамп во 2016 година и Русија.

Документот на 20 страници испратен од правниот тим на Трамп до Милер ја истакнува правната стратегија на претседателот и тврди дека Трамп не може да биде обвинет, суспендиран или прогласен за виновен за попречување на правдата бидејќи тој е главен спроведувач на законот во нацијата. Документот исто така тврди дека Трамп може, ако сака, да ја прекине истрага, па дури и да ја искористи својата моќ да амнестира ако така сака.

Коментарите на Џулијани предизвикаа бура на интернет. Многумина ја критикуваа идејата претседателот да ја злоупотребува моќта за помилување, а други беснееја поради двојните стандарди што ги користи неговиот личен адвокат.

Трамп постојано ја напаѓаше истрагата за можен заговор помеѓу неговата кампања и Русија нарекувајќи ја збир од лажни вести и измама.

Спонзорирано: