25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невреме беснее низ Македонија, а се најавува и ова

Времето до крајот на денот ќе биде умерено облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Во ноќните часови атмосферата ќе се стабилизира.

Во моментов изразито развиена нестабилна облачна маса со интензивни електрични празнења се наоѓа во планинскиот реон на Јакупица и Даутица, а на југ и преку Бабуна и со источната периферија го зафаќа подрачјето на Велес, а на запад се протега до Солунска Глава. Се движи кон југ и југоисток, па во наредниот час до два ќе се прошири во северниот дел на Пелагонија,
а со друг дел и кон регионот на Кавадарци и Неготино.

Покрај интензивните празнења, како појави од оваа маса може да се очекуваат и интензивни поројни врнежи од дожд, засилен ветер, а веројатно и појава на град.

Денеска најтопло беше во Гевгелија – 34 степени, а најладно во Лазарополе – 21 степен.

Спонзорирано: