27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Автомобил излета пред велосипедист и тој извади нож во обид да го нападне возачот

Британските медиуми пренесоа вознемирувачка снимка направена во Лондон, на која може да се види разгневен велосипедист, кој со нож сакаше да повреди возач на автомобил поради кавга и недоразбирање во сообраќајот.

Инцидентот се случил во средата, на 30 мај, на „Лондон роуд“ во квартот Кројдон, а бил снимен од страна на друг учесник во сообраќајот. Кога автомобилот, кој излегувал од паркинг, излетал пред велосипедистот и речиси го удрил, велосипедистот избегнувајќи го автомобилот, морал да скокне од својот велосипед.

Во тој момент, дошло до ескалирање на целата ситуација.

Велосипедистот станува од земја и со брзање се упатува кон автомобилот кој во меѓувреме застана, најверојатно поради тоа што други возила му го попречуваа патот. Тогаш велосипедистот извади огромен нож од својата јакна, ја опишува ситуацијата британското LBC радио на својата интернет-страница.

Бидејќи вратата на автомобилот била заклучена, велосипедистот почнал да удира со ножот по стаклото на прозорецот, во обид да го скрши истото и да влезе во автомобилот од страна на совозачкото седиште. Возачот ја искористил среќната околност дека бил на спротивната страна во автомобилот, па ја отворил вратата и се дал во бегство. Автомобилот го оставил среде улица.

Гневниот велосипедист потоа се откажал од својата жестокост, се свртел и седнал на велосипедот, по што продолжил како ништо да не се случило.

Полицијата во Лондон соопшти дека не уапсила никого во врска со овој инцидент, но ги повика очевидците на настанот или оние кои можеби го познаваат велосипедистот да им дадат повеќе информации.