23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицијата на нозе: Избегаа лавови, тигри и јагуар од познатата зоолошка градина што се наоѓа во Лунебах

Два лава, два тигри и еден јагуар избегале од зоолошка градина во Лунебах во западна Германија, соопшти полицијата. Локалните власти ги предупредиле граѓаните да останат во своите домови и да повикаат полиција ако видат некое од петте животни.

Од приватна зоолошка градина претходно избегала и една мечка, но таа била застрелана.

Зоолошката од која избегале животните била отворена во 1965 година, а во неа тогаш имало само кучиња, магариња и дива мечка. Сега таа е дом за близу 400 животни и ја посетуваат околу 70 000 луѓе годишно, е наведено на сајтот на зоолошката.

Спонзорирано: