23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уште една страшна сообраќајка во Македонија

Возач со „голф“ удрил во пешак и побегнал. Во 1:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ К.К.(50) од Скопје пријавил дека вчера околу 22:20 часот на платото од бензинска пумпа на булевар Партизански одреди бил удрен од патничко моторно возило „фолксваген голф 3“ со непознати регистарски ознаки при што возачот по незгодата го напуштил местото на настанот.

По незгодата со друго возило, К.К. бил пренесен во болницата и од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Од страна на увидна екипа бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.