20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва сменети неколку министри и заменици во Владата – ова се имињата

Вечерва на собраниска седница беа избрани четири нови министри и исто толку заменици министри.

За нова министерка за правда е избрана Рената Дескоска, за министер за образование и наука Арбр Адеми, за култура Асаф Адеми и за министер без ресор Бардил Даути.

За заменик-министер за надворешни работи е избран Андреј Жерновски, за заменик министер за здравство Асим Муса, за заменик министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и за транспорт и врски Садик Беќири.

– Ве уверувам дека предложените кандидати совесно и со најголема посветеност и одговорност ќе ги извршуваат своите работни обврски и согласно Законот и определбите на Владата на Република Македонија за остварување на програмските определби на Владата и стратешките интереси на Република Македонија и исклучиво во интерес на граѓаните, рече премиерот Зоран Заев на само неколку часа пред да биде гласањето на новите министри.