8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото pixabay / илустрација
МАКЕДОНИЈА

Двајца возачи се здобиле со тешки повреди во сообраќајни несреќи

Две возила вчера излетале од патот во одделни сообраќајни несреќи, при што возачите се здобиле со тешки телесни повреди.

Едната од сообраќајните несреќи се случила на магистралниот пат Градско – Прилеп, кога од патот излетало возило од марката „фолксваген шаран“, управувано од шеесетгодишниот Љ.А. од Битола. Од незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата болница во Прилеп, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

До втората сообраќајна несреќа дошло на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Издеглавје, пришто патничко моторно возило „фиат“ управувано од Р.А. (58) од Гостивар, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој бил пренесен во Општата болница во Охрид и истиот бил во животна опасност.

Во двата случаи на местото на настанот извршен бил увид од страна на увидна екипа од полициската станица Охрид. Се работи на целосно расчистување на случаите.