14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апсење во Македонија: Во притвор заврши едно лице

Основното јавно обвинителство Битола издаде наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

„Осомничениот во неговиот дом во село Трново неовластено заради продажба држел 8 пластични паковки од лек Омепразол, како и вкупно 78 најлонски паковки со вкупна нето-маса од 51,48 грама наркотична дрога кокаин, која ја нудел на продажба на лица наркозависници од Битола“, соопшти обвинителството.

Надлежниот обвинител проценил дека во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат дека постои опасност од бегство, како и околности дека осомничениот ќе го повтори делото, па затоа до Основниот суд Битола достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот беше прифатен од судот кој со решение на осомничениот му определи мерка притвор во времетраење од 30 дена.