10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Белгискиот напаѓач убил уште еден човек пред нападот

Белгискиот министер за внатрешни работи, Жан Жамбон, денеска изјави дека напаѓачот, кој во Лиеж вчера уби три лида, ноќта пред нападот убил уште едно лице. Жамбон за телевизијата РТЛ рекол дека напаѓачот идентификуван како Бенјамин Херман, извршил уште едно убиство претходната ноќ. Тој потврдил дека жртвата е поранешен затвореник, кој поминал извесно време во затвор со Херман.

„Ројтерс“ пренесува дека Херман се радикализирал во затворот, каде што преминал во ислам.

Во Белгија ставањето затвореник на листата на државна безбедност како осомничен за радикализиран не е автоматски поврзано со сите полициски или затворски служби, велат експертите.

Тој сега бил по 14 пат привремено пуштен од затвор, што требало да му помогне да се реинтегрира во општеството во 2020 година, рекол министерот за правда, Коен Гринс.

Спонзорирано: