6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Столтенберг сака Русија да преземе одговорност за соборениот малезискиот авион

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, сака Русија да ја признае одговорноста и целосно да соработува во истрагата за соборувањето на летот МХ17 на „Малезија ерлајнс“ над источната Украина во 2014 година при што загинаа сите 298 патници како директна последица на руската агресија врз Украина, пренесува „Њу јуроп“.

„Се согласувам со холандската влада која ја повикува Русија да ја преземе одговорноста за соборувањето“, рече Столтенберг.

Холандија и Австралија ја обвинија Русија за уривањето на авионот откако меѓународните инспектори утврдија дека противвоздушниот систем БУК, кој е виновен за уривањето на авионот, ѝ припаѓал на Русија.

Столтенберг исто така рече дека на денешниот состанок на Парламентарното собрание на НАТО во Варшава, членките на НАТО ќе разговараат за Русија, како и за предизвиците поврзани со зголемените воени активности близу до границите на НАТО .

Столтенберг, наведувајќи ги руското мешање во изборите, сајбер-нападите и употребата на воена сила против соседните земји кажа дека порешителна Русија претставува еден од најголемите безбедносни предизвици за земјите од НАТО. Генералниот секретар на пратениците на парламентарното собрание на НАТО одржано во Варшава им вети дека воениот пакт ќе одговори на тој предизвик со комбинација од заплашување и политички дијалог.

Украина и Грузија беа опишани како „блиски партнери на НАТО“, а Столтенберг најави продолжување на политичката поддршка на двете земји кои граничат со Русија.

Спонзорирано: