24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мигрантите откриja нова рута до Италија, за 48 часа пристигнале 2 000

По релативно мирниот период, африканските мигранти повторно почнаа масовно да доаѓаат во Италија преминувајќи преку Тунис сега кога Либија стана практично непроодна, пренесува „Брејтбарт“. Во текот на викендот, околу 2 000 африкански имигранти пристигнале на италијанските острови Сицилија и Сардинија, од кои многумина тргнале од Тунис.

Во текот на изминатите четири години Либија беше главната точка за заминување за африканските мигранти кои се обидуваат да стигнат до Италија преку море, при што повеќе од 600 000 имигранти успешно преминале овој период. Криумчарите го искористија безбедносниот вакуум создаден од тековниот вооружен конфликт во Либија и од недостигот на единствена призната влада.

Меѓутоа, од минатото лето преминувањето на мигрантите драстично се намали откако Италија постигна договор со Либија нудејќи да ја обучува, опреми и да ја финансира либиската крајбрежна стража и да работи заедно за да ги врати назад бродовите и мигрантите во Либија. Договорот беше одобрен од европските лидери и беше заслужен за значително намалување на приливот на мигранти кои пристигнуваат на јужниот брег на Италија.

И криумчарите постигнаа договор со владата на Триполи, а крајбрежната стража на Либија – поддржан од Европската Унија – почна да патролира покрај брегот и да ги пресретнува чамците со мигранти пред тие да може да стигнат до бродовите на НВО кои ќе ги донесат во Европа.

Оваа пролет, бродови на крајбрежната стража на Либија пресретнале голем број чамци, враќајќи ги патниците во Африка наместо да им дозволат да се состануваат со бродови на невладините организации. На почетокот на март еден брод со над 100 мигранти стигна до бродот за спасување „Аквариус“ на околу 50 км од либискиот брег, но беше запрен пред да успее да ги извади патниците за премин во Италија.

Минатиот викенд истиот брод „Аквариус“ кој го користеа невладините „Лекари без граници” и „СОС Медитеран“, пристигна во Катанија, превезувајќи 70 мигранти земени на море. Промигрантските сили ги отфрлија и напорите на Италија за спречување нови пристигнувања, покренувајќи тужба во Европскиот суд за човекови права во која наведоа дека соработката на Италија со либиската крајбрежна стража ги изложува мигрантите на нехумани услови, тепање, силување и на глад, принудувајќи ги да се вратат во Африка.

Тужбата беше поднесена од британската добротворна организација „Глобална мрежа за правна акција“ и го насочи вниманието на инцидентот во ноември 2017 година во кој припадник на либиската крајбрежна стража наводно се вмешал во напорите на брод од НВО за спасување 130 мигранти од брод што тонел.

Досега годинава 25 338 мигранти влегле во Европа преку море од кои околу 41 отсто пристигнале во Италија и 38 отсто во Грција, додека останатите пристигнале во Шпанија, информираат од Агенцијата за миграција на ОН (ИОМ ). Во истиот период лани, повеќе од двојно (54.324) мигранти влегле во Европа.

Спонзорирано: