3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР со важно соопштение за граѓаните

Денеска (29.05.) од страна на грчките гранични полициски служби добиено е известување дека поради најавениот штрајк на грчките царински работници во текот на утрешниот ден сообраќајот на граничните премини со оваа соседна земја ќе биде во застој, соопшти Македонската полиција.

Имено, според добиеното известување, на Граничниот премин Меџитлија утре од 00,00 часот до 24,00 часот, на грчкиот дел од преминот ќе биде во прекин целокупниот сообраќај за патнички и товарни возила, како и автобуси.

Од МВР наведуват дека истото ќе важи и за Граничниот премин Стар Дојран каде што штрајкот ќе започне утре во 05,00 часот а ќе трае до задутре (31.05) до 05,00 часот, а ќе бидат пропуштени патнички возила само во одредени исклучителни, односно итни случаи. И за Граничниот премин Богородица најавен е штрајк на грчките царински службеници во периодот од 07,00 часот утре до 07,00 часот наредниот ден.

Инаку, МВР ја информира јавноста дека по однос на неколкунеделниот прекин на сообраќајот на магистралниот пат Скопје -Приштина на потегот од Хани Елези – Качаник, поради градежни зафати, од денеска оваа делница е пуштена за сообраќај.

Спонзорирано: