8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Мигрант стана граѓанин на Франција откако херојски спаси дете кое висеше од балкон

Мигрант од Мали поздравен како херој откако покажа невидена храброст да спаси четиригодишно момче кое висеше од балкон во Париз.
https://www.youtube.com/watch?v=zt6Nerktik8
На видеоснимка од настанот може да се види како Мамуду Гасама добива голема пофалба по неговото искачување од надворешниот дел на зградата за да го спаси момчето.

Тој се сретна со францускиот претседател во Елисејската палата, каде што претседателот Емануел Макрон рече дека Мамуду Гасама ќе стане натурализиран граѓанин на Франција. Тој лично му се заблагодари на Гасама, му даде медал за храброст и му рече дека ќе го направи пожарникар.

Драмата се случила во саботата навечер на улица во северниот дел на градот.

Гасама рекол дека додека се шетал забележал толпа народ собрана пред зградата.

„Кога го земав во рацете и го прашав зошто го направи тоа, тој не ми одговори“, изјавил Гасама.