18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Новинарите на А1 да платат прекршок зашто лажно се претставиле, рече адвокатката на обвинета во „Титаник”

Адвокатката на обвинетата Катерина Веловска во воведниот говор за предметот „Титаник” се повика на исказите кои во СЈО ги дале поранешните новинари во ТВ А1, Сашка Цветковска и Наташа Стојановска, кои ја објавија сторијата за донаторите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во нивната сторија објавена на телевизијата А1 тие објавија за финансирањето на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ. Според адвокатката, судот не смее да ја темели пресудата врз нивниот исказ бидејќи сториле прекршок и лажно се претставиле како лица од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ кога телефонски ги контактирале лицата.

Таа наведе дека новинарите со лажното претставување го прекршиле Законот за јавен ред и мир, за што е предвидена казна од 600 до 800 евра.

Таа побара нивното сведочење, поради овие причини, судот да не го земе предвид. Рече и дека за нејзината клиентка настапила и релативна и апсолутна застареност на кривичното гонење.

Судењето за „Титаник” продолжува со воведни говори на другите адвокати, кои се повикуваат на помилувањето на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.