11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Гром удри во автобус со патници во Грција

Гром удри во меѓуградски автобус во североисточниот дел на Грција, предизвикувајќи пожар од кој возилото целосно изгорело, соопшти противпожарната служба на грчкиот град Алескандруполис.
Во моментот на несреќата, во автобусот имало двајца возачи и 12 патници, кои завршиле без повреди бидејќи веднаш го напуштиле возилото.
Автобусот сообраќал на релација од Александруполис до Орестијада.
Во гаснењето на пожарот учествувале 18 пожарникари со шест противпожарни возила.