23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Германската опозиција протестира против Меркел, има и контрапротести

Неколку илјади поддржувачи на германската опозициска партија „Алтернатива за Германија (АФД) се собраа во центарот на Берлин, протестирајќи против германската канцеларка, Ангела Меркел.
Демонстрантите носат германски знамиња и транспаренти со натпис „Без ислам во Германија“, пришто извикуваат „Меркел мора да замине“, пренесе новинската агенција „АП“.
На улиците излегоа околу 2.000 полицајци, распоредени за да спречат можни инциденти, бидејќи во Берлин се организираат и контрапротести.
Во групите кои се собраа на контрапротест се наоѓаат уметници и здруженија на музички клубови од Берлин, кои се надеваат дека ќе го „задушат“ собирот на АФД со техно музика.
Агенцијата во средата јави дека по најавата на крајната десница за собир во Берлин, полицијата соопштила дека уште 13 групи најавиле протести против АФД.
Алтернатива за Германија стана најголемата опозициска партија во земјата, кога на ланските парламентарни избори освои 12,6 проценти од гласовите, под влијание на се поголемото расположение кај граѓаните против мигрантите и естаблишментот.