11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Експлодираше бомба во куќа на екс висок функционер на ДПМНЕ

Полицијата денеска информираше дека утрово околу 3.30 часот во полициската станица во Куманово е пријавено дека на терасата на семејна куќа е фрлена бомба-каширака.

Според информациите станува збор за семејна куќа на поранешен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој во полиција пријавил дека слушнал детонација на терасата.

-На 27.05.2018 година во 03.30 часот во Полициската станица Куманово, М.Ц. (26) од Куманово пријавил дека додека спиел слушнал детонација на терасата од првиот кат од сејмената куќа. Притоа, било скршено прозорското стакло, а била оштетена ролетната и ѕидот. Повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Од местото биле подигнати фрагменти од бомба-кашикара за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., се вели во информацијата на МВР.