23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груевски откри што му рекол еден познат и искусен новинар

Искусен новинар кој долго ги следи судските рочишта уште на првото судење рекол дека се гледа дека судијката е решена да го осуди уште пред да почне процесот за мерцедесот, изјави Гриевски во интервјуто во дневникот на Сител.

-И јас го имав истото чувство како него, јасно ми беше дека пресудата судијката ја има донесено, а и Заев недела две пред да бидам осуден јавно го најави тоа – рече тој.

Ова Груевски го изјави во интервју емитувано вечерва во вестите во 19 на тв Сител. Груевски во случајот Тенк (скапиот мерцедес) кон крајот на минатата недела како обвинет доби 2 години затворска казна.

И шамари немаше, ни провизии, ни вина во уривање на Космос ама ете на јавна сцена е хајка против мене, да бидам оцрнет, понижен, ме влечкаат по судови веќе цела година рече Груевски. Покрај за мерцедесот Груевски од ЈО заработи уште 5 кривични пријави за злоупотреби на службената должност .