14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

На новиот автопат возел 244 км/ч: Полицајците му напишале казна која ќе ја памти цел живот

Полицијата во Сисак му изрекла парична казна од вкупно 11.600 куни (околу 2.000 евра) на 22-годишен британски државјанин кој со „Бе-Ем-Ве“ возел 244 километри на час, на автопатот А3 и направил осум прекршоци.

Освен возењето со недозволена брзина, Брианецот извршил и други прекршоци – како забрзување на возилата пред себе со светлосни знаци, недржење потребно растојание, претекнување товарни автомобили од лентата за запирање возила…

Исто така, кај себе немал ни возачка дозвола.

Полицијата му издала прекршочен налог и изречена му е казна од вкупно 11.600 куни. На возачот привремено му е одземена и возачката дозвола поради осигурување за наплата на казната.

Спонзорирано: