12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев се сретна со Папата: Кирил и Методиј се темел за врските меѓу Македонија и Ватикан

Светите браќа Кирил и Методиј се силни темели за историските врски меѓу Република Македонија и Ватикан. Ваков е заклучокот од средбата што денеска ја остварија премиерот, Зоран Заев и Папата Франциск.

За време на посета, која се случува традиционално во рамките на програмските активности на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, Заев имаше тет-а-тет средба со Папата, а потоа делегацијата беше примена на аудиенција кај Светиот Отец на Римокатоличката Црква во Ватикан.

Премиерот, во рамки на аудиенцијата го изрази неговото лично, и високото задолство во името на Владата од зголемената динамика на билатералните посети и на односите на нашата земја со Светата Столица, како што беше историската посетата на државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин во 2016 година, како дел од активностите за канонизацијата на Пресвета Мајка Тереза.

Заев истовремено ја повтори отворената покана за папата Франциск во блиска иднина да ја посети нашата земја, која би била од исклучителна важност, за унапредување на нашите билатералните односи, како и за регионот.

„Му пренесов на Папата Франциск дека очекуваме да влезат во завршна постапка процедурите за отворање на дипломатска канцеларија, апостолска Нунцитура во Скопје, со што ќе се создадат услови за зајакнување соработката во области од заеднички интерес. Имаме заеднички афирмативни ставови за ликовите кои се дел од нашата заедничко наследство како што се Света Мајка Тереза и Светите браќа Кирил и Методиј, како за силни темели на историските врски меѓу Република Македонија и Ватикан“, истакна премиерот Заев на средбата со Папата Франциск.

На состанокот, Заев и Папата Франциск разговараа за длабоко вкоренетата традиција на меѓурелигиска толеранција, почитување на разни верски убедувања и негување на верските слободи во Македонија.

Посебно внимание во разговорот со Папата, премиерот посвети на градењето и негувањето на темелна определба на Република Македонија– Едно општество за сите.

„Остварувањето на оваа наша заложба е можна само со постигнување целосна слобода на изразување на религијата во духот на мултиетничкиот, мултикултурниот и мултирелигиозен карактер на земјата, и со дијалогот и взаемното почитување на разликите“, рече премиерот Заев и додаде дека тесната соработка со Католичката црква во Македонија, и нејзината конструктивна улога како еден од столбовите на меѓурелигиозниот соживот во нашата земја, е еден од најважните фактори за остварување на идејата „Едно општество за сите“.

На средбата Папата Франциск, и посебно на средбата со Државниот секретар на Ватикан кардиналот Пјетро Паролин, се разговараше за унапредување на соработката во меѓу Република Македонија и Ватикан во сферата на библиотекарството, во реставрацијата, конзервацијата и дигитализација на материјали, како во сферата на стручната помош за архивирање и зачувување на религиозни предмети. Посебно беше итскната успешната соработка помеѓу Папскиот универзитет “Урбаниана” и Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, и беше отворена и можноста за професионално образование на медицински персонал од Република Маккедонија во болниците на Ватикан.

Претседателот на Владата, на средбата, на Папата Франциск му подари реплика од мозаикот на кој се претставени пауни и елени, како илустрација на 41-от Псалм на Пророкот Давид, како најпрепознатливиот симбол на археолошкиот локалитет Стоби, од 5-тиот век.

Папата Франциск на премиерот Зоран Заев му подари рачно изработено дело во бронза од мајстор Гвидо Верои на кое симболично е претставена пораката: Светот на солидарноста и мирот е заснован на правда.

Спонзорирано: