20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Познатиот авион „даглас“ на Тито слета во Тиват

Авионот е произведен во 1958 година, а Јосип Броз Тито во него за 10 години летал 55 пати.
https://www.youtube.com/watch?v=SB9b_fC6VYY

Шест децении стариот „даглас ДЦ-6Б“ вчера слета на аеродромот во Тиват. Авионот сега е во сопственост на „Ред Бул“, односно на клубот за стари авиони наречен „Летечки бикови“, пишува „Вијести“, наведувајќи дека станува збор за еден од најспектакуларните авиони во светот. Радио „Тиват“ пренесе дека овој модел на „даглас“ е единствен во светот.

Од Виена во Црна Гора, авионот донел 30 ВИП патници, меѓу кои и членови на семејствата на вработени во компанијата „Ред Бул“ која ги наградила со овој излет.

Југославија во 1958 година купила два авиони ДЦ-6Б. Едниот бил отстапен на JAT, додека со другиот летал претседателот на државата и членови на владата. Тито првпат летал со него на крајот на 1959 година во Индија.

Властите на СФРЈ го продале авионот во 1975 година на Замбија за тогашниот претседател, а сопственикот на „Ред Бул“ Дитрих Матечиќ го купил во 2004 година и го реставрирал. Во него се вградени нови мотори и модерна електроника и навигација.

Спонзорирано: