17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рама: Опозицијата е против почеток на преговори со ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама ја обвини опозицијата дека со блокадите на работата на Собранието и протестите се обидува да го спречи почетокот на преговорите на земјата со ЕУ. Рама нагласи дека раководството на Демократската партија директно работи на попречување на иднината на Албанија таа да биде членка на ЕУ. „Народот треба да ја знае целта на утрешните протести на опозицијата“, истакна албанскиот премиер.

Лидерот на опозицијата Лулзим Баша, изјавата на Рама ја толкува како последен обид на Владата да го минимизира утрешниот протест на опозицијата во Тирана. „Премиерот Еди Рама и министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај заедно со другите министри се носители на шверцот со дрога и други криминални активности со што се попречува интеграцијата на земјата во ЕУ“, истакна Баша.

Здружената десна опозиција најави големи протести со учество на голем број на членови и симпатизери. Албанските медиуми оценуваат дека утре во Тирана можни се тензии.