20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Доживотен затвор за учесниците во пучот во Турција

Кривичниот суд во Истанбул осуди 119 затвореници на доживотен затвор, поради учество во терористичката организација Фетула (ФЕТО). Меѓу нив се и офицери од висок ранг од Турската армија.

Затворениците беа осудени за настаните во областа Султанбејли во Истанбул, како и во турската фондација Мехметџик, за време на пучот во јули 2016, пренесе агенцијата Анадолу која се повика на анонимен извор.

Високиот Кривичен суд во областа Силиври во Истанбул ја донесе пресудата за обвинението „нарушување на државен устав“ против тројца високо рангирани воени офицери и 116 поранешни студенти од Воздухопловната Академија.

Организацијата ФЕТО заедно со својот основач Фетула Ѓулен го организираа успешно спречениот државниот удар на 15 јули, 2016, во кој 250 лица загинаа, а најмалку 2200 беа повредени.

Осомничените беа осудени за учество во настаните со Петтата Вооружена Бригада на Турските Воени Сили во Газиантеп за време на пучот истата ноќ, изјави анонимен извор.

Спонзорирано: