7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведувања низ Скопје – она што го правеле овие луѓе е навистина иритирачко

Полицијата приведе три лица кои кршеле автомобили што биле паркирани кај дискотеките во Градскиот парк во Скопје.

Вчера утрото околу 02.30 часот, кај дискотека во Градски парк, полициски службеници ги забележале лицата К.П. (23), М.С. (21) и Н.В. (20), сите од Скопје, како се движат и со нозе удираат по паркираните возила и ги оштетуваат. Кога полицајците се упатиле кон нив, лицата почнале да бегаат.

Полициските службеници успеале да ги стигнат, по што лицата биле приведени во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Спонзорирано: