23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Свирепо убиство: Татко до смрт го претепа својот син

Свирепо убиство во Косово – татко до смрт го претепал својот син 14-годишен син. Трагедијата се случила во селото Карачево близу косовска Каменица. Според првичните информации, 14 – годишниот Л.Б. бил претепан од неговиот татко, бидејќи без прашање зел пари од дома и ги потрошил.

Откако брутално го претепал со стап, 60-годишниот Г.Б. го затворил својот син во соба, каде детето најверојатно без свест седело речиси цели пет часа. Полицијата на Косово информираше дека откако му се влошила состојбата на детето, таткото решил да го однесе на лекар со помош на членови на смејството. Меѓутоа кога стасале во Медицинскиот центар во Каменица по полноќ, веќе било предоцна и дежурниот лекар само можел да констатира дека детето починало.

На таткото му е одреден 48-часовен притвор. Ќе одговара за „тешко убиство“. По испрашувањето, со одлука на јавен обвинител, телото на детето е пратено на обдукција во Институтот за судска медицина.

Спонзорирано: