24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Невреме во Македонија: Еве каде е “најкритично”

Времето попладнево беше променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи, особено во источните делови. Доцна попладне појава на нестабилност имаше и во западните делови. Дуваше слаб до умерен северен ветер.Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, Гевгелија, Претор, Струмица и Тетово.

Најтопло беше во Гевгелија – 28 степени, а најстудено во Лазарополе – 17.

До крајот на денот ќе биде променливо облачно во западните делови со повремени врнежи од дожд, на места проследени со грмежи. Во источните делови облачноста постепено ќе се намали.

Спонзорирано: