18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја го уништи полигонот за тестирање на нуклеарни оружја

Северна Кореја го исполни ветувањето дека ќе го уништи полигонот за тестирање на нуклеарно оружје во четврток како дел од чекорите превземени за да се намали тензијата на Корејскиот полуостров и да се зголемат шансите за самит со САД.

Северна Кореја спроведи шест нуклеарни тестови на Пангери полигонот, кој е составен од голем број на тунели ископани под планината Мантап во северниот предел на земјата.

Мала група на интернационални новинари, одбрани од Северна Кореја, беа сведоци на оваа демолиција, која Пјонгјанг тврди дека е доказ на посветеноста за разоружување на нуклеарниот арсенал.

Уништувањето на полигонот почна во 11 часот со уништувањето на првиот тунел.

Понудата на Северна Кореја да го уништи тест полигонот се смета како важен дел од напорите за да се намалат тензиите со Јужна Кореја и САД.

Северна Кореја во Април најави дека ќе започни со суспензија на нуклеарните и ракетните тестови како и дека ќе го уништи полигонот за тестирање, додавајќи дека сега ги интересира само економски раст и добри односи со нивните соседи.

Спонзорирано: