8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грција ги предупреди САД: Оружјето што го продавате во Турција ќе се користи против вас

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас му порача на американскиот државен секретар, Мајк Помпео да придонесе за стопирање на продажбата на оружје во Турција, бидејќи тоа би можело да биде искористено против нив, наведува грчкиот весник „Прототема“. Грчките медиуми пишуваат дека Коѕијас предупредил и оти оружјето би можело да биде искористено и против Грција, Кипар и другите соседни држави.

Државниот секретар на САД и Коѕијас во рамки на средбата разговарале за тензиите во билатералните односи меѓу Анкара и Атина.

На средбата, Помпео го покренал прашањето и за притворањето на грчките војници во Турција, оценувајќи дека е неприфатливо членка на НАТО да притвори припадници на грчката армија.

Спонзорирано: