23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп го откажа состанокот со Ким

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, планирана за на 12 јуни, соопшти Белата куќа.

„Многу се радував на средбата со вас. За жал, имајќи го предвид големиот бес и отвореното непријателство изразено во вашите последни соопштенија, сметам дека е невозможно во овој момент да го одржиме долго планираниот состанок“, наведува Трамп.

Тој додава дека самитот е „пропуштена шанса“ и „навистина тажен историски момент“. Трамп на крајот му порачува на Ким да му се јави или да пише ако го промени ставот.

Спонзорирано: