18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин го смени шефот на руската вселенска агенција

Рускиот претседател Владимир Путин го смени шефот на стратешката руска вселенска агенција Роскосмос, Игор Комаров, која во последните години имаше низа неуспеси. Нов директор на агенцијата ќе биде поранешниот заменик премиер Дмитриј Рогозин.

Рогозин е познат по жестоките критики за Западот и се наоѓа на листата на лица санкционирани од САД. Комаров беше на чело на вселенската агенција од 2015 година.

„Ќе направам се што е во моите можности за да ја оправдам довербата“, рече Рогозин.

Руската вселенска индустрија доживеа низа неуспеси во изминатите години, меѓу кои и губењето на вселенскиот товарен брод „Прогрес“ и неуспешното лансирање на ракетата „Протон“. Русија сепак останува водечка во таа област, бидејќи е единствена земја која поседува ракети способни да летаат до Меѓународната вселенска станица, која е проект на 16 земји. Меѓународната вселенска станица е една од ретките области каде што билатералната соработка меѓу САД и Русија не е загрозена.

Спонзорирано: