23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Владејачката партија на Шпанија осудена поради корупција

Државниот суд на Шпанија денеска им изрече затворски казни на политичарите и бизнисмените вмешани во договори со рекет, кои помогнале за финансирање на владејачката партија. Пресудата е голем удар за Народната партија на премиерот Маријан Рахој, која е казнета со 245 илјади евра, бидејќи користела илегални средства за финансирање.

Судот исто така го казни поранешниот министер за здравство поради земање подароци, но не е утврдено дека ваков прекршок направиле и актуелните министри. Рахој, кој мораше да сведочи, рече пред судот дека не знаел со какви средства се финансирала неговата партија. Франциско Кореа, бизнисмен за кој се верува дека бил „мозокот“ на корупцијата е осуден на речиси 52 години затвор, а поранешниот светководител на Народната партија, Луис Барсенас на 33 години и парична казна од четири милиони евра.

Спонзорирано: