25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон: Франција треба да стане „капија на Европа“ за технолошките компании

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека цел на неговата политика е Франција да стане „капија на Европа“ за технолошките компании. Тој говореше во Париз на собирот на извршните директори и претставници од технолошката индустрија на саемот Виватек.

„Франција се менува како луда, може да се каже дека се опоравува и може да се определите за неа“, рече Макрон. Тој додаде дека промените во прописите за работи ги зголемиле инвестициите последната година. Макрон се заложи и за построга регулатива на ЕУ, како и за европски дигитален данок.

Францускиот претседател вчера со претставниците на Фејсбук, Мајкрософт, Убер, Ај-Би-Ем и неколку други компании разговараше за даноците и заштитата на лични податоци.

Спонзорирано: