23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: По секој дожд Центар личи на Венеција

Општина Центар е во катастрофална состојба. Поплавени и раскопани улици на секој чекор. Главен виновник е градоначалникот Саша Богдановиќ кој и после шест месеци откако е седнат на фотелјата нема мрднато со малиот прст да го реши овој горчлив проблем на центарци, се вели во соопштението на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Центар.

Според нив, доволни се мали врнежи за Центар да личи на Венеција.

„Со каков изговор Богдановиќ сега ќе настапи пред граѓаните на општина Центар. Овие улици се под негова директна надлежност. Неодговорноста на градоначалникот Богдановиќ нема граници. Тој не успева дури и да си ги одржи ветувања што им ги дава на центарци дека проблемот ќе биде решен во брзо време. Богдановиќ треба да биде свесен дека центарци немаат ниту трпение ниту разбирање за неговите лаги. СДСМ владее со општина Центар 5 години.

И после 5 години владеење Центар е со раскопани улици. Ниту неговиот претходник Андреј Жерновски ниту сегашниот Саша Богдановиќ не направија ништо за граѓаните. Со општината се однесуваат како своја приватна фирма додека граѓаните на Центар се ставени во втор план.
Жителите на Центар заслужуваат модерна и урбана општина, а не грда слика како што може да се забележи во земјите од третиот свет“, се додава во соопштението.

Спонзорирано: