10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фрчат пријави од МВР – уште една кривична за висок функционер

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.С.(51) од село Едрениково, општина Василево поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 и против Г.Ц.(55) од село Доброшинци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „поттикнување“, казниво по член 23 во врска со член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија. В.С., во својство на градоначалник на општина Василево, постапил спротивно на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со што овозможил на второпријавениот – вработен во општина Василево да се стекне со противправна имотна корист. В.С. на 27.09.2012 година му издал решение за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект – куќа, за кој објект не биле исполнети условите за легализација и утврдување на правен статус согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Спонзорирано: