10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Невреме во Македонија

Времето попладнево е променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите беа поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, интензивни електрични празнења и засилен ветер.

Според информациите од УХМР, појака нестабилност имаше во Демирхисарско, Гостиварско, Тетовско, како и на североистокот од земјава, па, така, за временски период од 2 часа на мерното место во Крива Паланка регистрирани се дури 46 литри на кавадратен метар дожд.

Во моментов сè уште има локални врнежи од дожд, но грмежите се поретки.