11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Црна Гора најави можност за поставување ограда на границата со Албанија

Црна Гора најави поставување ограда со жица на границата со Албанија ако се зголеми бројот на бегалци од Блискиот Исток.

Веста ја пренесуваат албанските медиуми, кои се повикуваат на изјава на раководителот на Дирекцијата за надгледување на границата на Црна Гора, Воислав Драговиќ, дадена за црногорската РТВ. „Можноста за поставување ограда од жица се разгледува со цел да се сопре масовното минување на границата во случај ако има масовни движења на бегалците“, изјавил Драговиќ.

Засега нема официјална реакција на Тирана околу најавите на Подгорица за можна изградба на ограда на границата со Албанија.
Медиумите пренесуваат дека во последно време мигрантите како нов коридор за нелегално влегување во земјите на ЕУ ги користат Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина за да влезат во Хрватска бидејќи Унгарија целосно го стопираше влегувањето на најзина територија преку Србија.