14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Роденденот на принцот Чарлс го одложи свадбеното патување на принцот Хари и Меган

Војводата и војвотката од Сасекс го одложија свадбеното патување за да присуствуваат на роденденската прослава на принцот Чарлс, која ќе биде одржана само неколку дена по нивната свадба.

Принцот Хари и Меган, по вчерашната церемонија и вечера помината со пријателите далеку од очите на јавноста, ќе се вратат дома, во комплексот на Кенсингтонската палата, по што утре ќе присуствуваат на 70. роденден на принцот Чарлс.

Тоа ќе биде првиот кралски настан на кој брачната двојка за првпат официјално ќе се појави како војвода и војвотка од Сасекс. Планирано е прославата да се одржи во дворот на Бакингамската палата.

Принцот Чарлс ќе наполни 70 години во ноември, но утре (вторник) ќе ја почне прославата на својот роденден, со претставници на воените пукови и добротворни организации на кои тој е покровител.

Спонзорирано: