18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска: Со Илинденска Македонија покажуваме дека ниту сме имале ниту ќе имаме територијални претензии

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека предлогот Република Илинденска Македонија е решение со кое сите од процесот на решавање ќе излезат како победници. Таа нагласи дека наоѓање такво решение било цел на македонскиот преговарачки тим.

„Она што беше нашата цел, а тоа е да најдеме решение кое што ќе биде позитивно и за Македонија и за Грција, сметаме дека е постигнато со овој пакет и не случајно премиерот вчера јасно порача дека сметаме дека пакетот кој што беше усогласен, нуди шанса сите да излезат од овој процес како победници. Ние сметаме дека Република Илинденска Македонија претставува одлична база за решение, заради тоа што таа подразбира временска одредница, таа се поклопува со важни датуми од нашата историја и таа покажува дека Република Македонија ниту имала ниту ќе има територијални претензии“, рече Шекеринска.

Сите елементи во понуденото решение, според Шекеринска, одговараат на очекувањата и на барањата во Македонија и во Грција и затоа најави дека ќе продолжат да работат оти овој пат смета дека сме навистина многу блиску до решение.

Спонзорирано: